На Клиниката за дигестивна хирургија пуштена во употреба современа медицинска апаратура во вредност од милион евра
Универзитетската клиника за дигестивна хирургија денеска ја посетија министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, и заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, по повод пуштањето во употреба нова медицинска и немедицинска опрема во хируршките сали, како и на одделот за полуинтензивна нега на оваа клиника. На настанот присуствуваше и претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.
„Осовременување на хируршките сали со најсовремени апарати и опрема е поводот за денешната посета во оваа хируршка клиника. Набавена е медицинска и немедицинска опрема во вредност од еден милион евра, обезбедени од Министерството за здравство“, истакна Таравари при посетата на Клиниката.
Станува збор за повеќе современи апарати, како што се: лапараскопски хируршки столб, електрохируршка единица со аргон-плазма, апарат за трансфузија, пациент-монитори, плазма-стерилизатори и друга опрема.
Со новата медицинска опрема првпат во државата денес се изведе лапароскопска интервенција со употреба на флуоресцентен контраст.
Кој е Огнен Костовски, новиот директор на Клиниката за дигестивна хирургија
Проф. д-р Огнен Костовски е нов директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – Скопје.
Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје.
Во 2010 година го положил специјалистичкиот испит по општа хирургија, а во 2021 година и супспецијалистичкиот испит по дигестивна хирургија.
Од 2008 година е вработен во Универзитетска Клиника за дигестивна хирургија, Клинички центар Мајка Тереза – Скопје.
Во 2023 година се стекнал со звањето вонреден професор на Катедрата по општа хирургија.
Костовски има 15 годишно работно искуство и е дел од рецензентски комисии за избор на лица во наставно-научно звање.
Има објавено 36 научни трудови од областа хирургија, од кои 24 научни трудови во научно списание со импакт-фактор (фактор на влијание), 12 трудови во научни списанија со меѓународен уредувачки одбор и 10 трудови во зборници од научни собири.
ЈЗУ ДИГЕСТИВНА ХИРУРГИЈА СКОПЈЕ – ДОБИТНИК НА ГРАНТ ПРОЕКТ ОД АМБАСАДАТА НА ЈАПОНИЈА
ЈЗУ Клиника за Дигестивна хирургија-Скопје е добитник на грант проект со наслов: Проект за подобрување на објектот на Клиника за Дигестивна хирургија, како дел од Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија.
Проектот опфаќа реновирање на подовите и вратите на ЈЗУ Клиника за Дигестивна хирургија, со цел да се обезбедат соодветни медицински услови за пациентите и зголемување на квалитетот на здравствената услуга.
На церемонијата на потпишување присуствуваа медицинскиот директор Проф. Д-р Зоран Караџов и организацискиот директор Авни Салији