Проф. д-р Огнен Костовски е нов директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – Скопје.

Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје.

Во 2010 година го положил специјалистичкиот испит по општа хирургија, а во 2021 година и супспецијалистичкиот испит по дигестивна хирургија.

Од 2008 година е вработен во Универзитетска Клиника за дигестивна хирургија, Клинички центар Мајка Тереза – Скопје.

Во 2023 година се стекнал со звањето вонреден професор на Катедрата по општа хирургија.

Костовски има 15 годишно работно искуство и е дел од рецензентски комисии за избор на лица во наставно-научно звање.

Има објавено 36 научни трудови од областа хирургија, од кои 24 научни трудови во научно списание со импакт-фактор (фактор на влијание), 12 трудови во научни списанија со меѓународен уредувачки одбор и 10 трудови во зборници од научни собири.